Нова магија на Никола Јокиќ! (ВИДЕО)

40
Фото: Денвер Нагетс/Твитер

Во пресрет на стартот на новата сезона во НБА, екипите и натаму се подготвуваат за тоа што ги чека играјќи контролни мечеви. Денвер беше подобар од Чикаго со 124:117, а Никола Јокиќ повторно беше одличен.

Прво да видиме како Јокиќ забива, нешто што многу ретко го прави:

Јокиќ беше на работ на трипл-дабл, 18 поени и по осум скока и асистенции, додека Гордон застана на 17 поени и четири скока. Повторно се покажа како функционира овој тандем.

Гордон ја имаше топката, му ја даде на Јокиќ, а Србинот му ја врати со магична асистенција за да потоа следуваше брутално забивање.

Јасно е дека тандемот Јокиќ – Гордон ќе биде еден од адутите на Денвер за претстојната сезона.

ПретходноПелистер против Цедевита Јуниор ја стартува европската авантура
СледноРафиња: Сакав да си одам од Барселона, ама Флик ме убеди да останам!