Иако има уште осум – девет месеци до почетокот на СП 2026, иако познати се само половината од учесниците, сепак познати се првите прогнизи за тоа кои селекции имаат најголеми шанси за освојување на Мундијалот кој ќе се одржи во јуни – јули следното лето во САД, Канада и Мексико.
Обложувалниците најголеми шанси и даваат на Шпанија, на Ламине Јамал и другарите. Европскиот првак е со 15% шанси за титулата.
Следуваат Англија и Франција на Килијан Мбапе со 12% шанси.
Бразил е со 11%, светскиот првак Аргентина со Меси само со 10.5%, па потоа доаѓаат Португалија и Германија со 7%, Холандија 4%, Италија 3,%.
Интересно, репрезентацијата на Хрватска која на последните две светски првенста беше втора и трета, и се даваат само 1,5% шанси.