Јунајтед посилен за дербито против Ливерпул, Мазрауи се враќа во тимот

22

Универзалецот на Манчестер Јунајтед, Нусаир Мазрауи, ќе биде подготвен за неделното дерби против тимот на Ливерпул. Тој беше во „аут“ од 20 септември, но сепак, се одзва на репрезентативната покана и замина за Мароко. Не беше дел од мечевите против Конго и Бахреин, но очигледно бил под тренажен процес, па во Манчестер се врати подготвен за кам бек.

Мароканецот минатата сезона беше стартер во 38 од 42 натпревари на Јунајтед под водство на Рубен Аморим. Сепак, неговите проблеми со физичката подготвеност започнаа за време на предсезоната, при што пропушти четири од петте тестови на тимот. Тој се врати за натпреварот со Барнли на крајот на август, потоа започна против Манчестер Сити и Челзи, но потоа ги пропушти натпреварите против Брентфорд и Сандерленд.

ПретходноЏабе „плачките“ дека Звезда е миленикот во Србија… владата изласа итни 2.5 милиони евра за Партизан
СледноФИФА со суспензија за Брера во следните три преодни рокови