Ова се репрезентациите кои досега се пласираа на СП 2026, Англија прва од Европа!

108
ФОТО: England football team/FB

Од синоќа и официјално Европа го доби својот прв претставник на СП 2026. Тоа е селекцијата на Англија која откако славеше на гости кај Летонија со 0:5, стави печат на пласманот на Мундијалот. Селекцијата на Томас Тухел заврши прва во групата К.

Шанса за такво нешто имаше и Португалија, но Роналдо и другарите во последните секунди од средбата со Унгарија примија гол за реми, и мораше да го одложат славјето.

Инаку досега вкупно 28 селекции се изборија за настап на СП 2026, тука ги сметаме домаќините САД, Мексико и Канада.

Ова се репрезентациите кои досега се пласираа на Мундијалот:

Африка: Алжир, Египет, Мароко, Тунис, Гана, Зеленортските острови, (дебитант), Јужна Африка, Сенегал, Брегот на Слоновата Коска

Европа: Англија


Азија: Австралија, Иран, Јордан (дебитант), Јапонија, Јужна Кореја, Узбекистан (дебитант), Саудиска Арабија, Катар

Јужна Америка: Бразил, Аргентина, Колумбија, Еквадор, Парагвај, Уругвај

Океанија: Нов Зеланд

Северна Америка: Домаќините САД, Канада и Мексико

ПретходноСП: Србија со пресврт ја совлада Андора, Англија и Италија убедливи
СледноЕдноставно најдобар: Лео Меси урна уште еден рекорд!