Пелистер со пораз ја отвори својата историска сезона во ФИБА Европа Купот, откако на гостувањето кај Цедевита јуниот беше поразен со 94-76.
Избраниците на Боро Даскаловски беа рамноправен противник во поголем дел од мечот. Хрватскиот тим отвори со 8-2, но битолчани брзо се вратија и дури поведоа со 8-9. После првата четвртина резултатот беше 24-20. Во следниот период, домаќинот го имаше водството, пред почетокот на одморот имаше двоцифрени 44-34.
Третиот период не мина најдобро за битолчани бидејќи има двоцифрена негитва, најголемата беше 16 поени (67-51). Кам-бекот беше речиси невозможен бидејќи Цедевита Јуниор ја имаше контролата на мечот.
Вилсон имаше 17 поени и 12 скока, Митревски запиша 13 поени.