Шпанецот Карлос Алкараз е прв финалист на егзибицискиот турнир во Ријад, наречен „Шест кралеви“.
Алкарас во првото полуфинале славеше над Американецот Тејлор Фриц во два сета за еден час и девет минути игра, со 6:4, 6:2.
Во борбата за титулата го чека подобриот од дуелот меѓу Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ, кој следува исто така вечерва.