Англија забрани присуство на израелски навивачи на мечот Астон Вила – Макаби ТА

19
фото: Anthony Joseph (X)

Навивачите на Макаби Тел Авив добија забрана да присуствуваат на натпреварот против Астон Вила во мечот од 4. коло во Лигата на Европа кој ќе се одигра на 6 ноември во Бирмингем.

Оваа одлука е донесена во согласност со полицискиот совет кој клубот го добил оваа недела.

„Клубот е информиран дека гостинските навивачи нема да можат да присуствуваат на натпреварот од Лигата на Европа на УЕФА против Макаби Тел Авив, во согласност со упатствата на Безбедносната советодавна група“, се вечли во клупското соопштение.

Полицијата на Западен Мидлендс истакна дека е загрижена за состојбата со јавната безбедност надвор од стадионот и за потенцијалните протести во текот на ноќта.

Израелскиот министер за надворешни работи ја осуди одлуката нарекувајќи ја „Срамна!“.

„Ги повикувам властите на Велика Британија да ја поништат оваа кукавичка одлука!“, напиша израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар.

ПретходноЈакимовски постигна 15 поени, Тренто загуби во Лондон