Бомба од Њујорк – после девет сезони во НБА, бекот се пензионира

43

Играчот на Њујорк Никс, Малколм Брогдон, одлучи да ја заврши кариерата. Оваа одлука е изненадување, бидејќи Брогдон има 32 години и сè уште може да игра.

Плејмејкерот еднаш ги освои наградите „Руки на годината“ и „Шести играч на годината“.

Неговиот прекар „Претседателот“ е интересен, а го заработил со стекнување магистерска диплома по комуникации и односи со јавноста.

Во НБА, тој играше за Милвоки, Индијана, Бостон, Портланд и Њујорк, за кои играше само предсезонски натпревари пред оваа сезона.

За време на неговата деветгодишна НБА кариера, Брогдон постигна 7.077 поени, 1.917 скока и 2.156 асистенции.

Неговиот број на дрес 15 беше повлечен од употреба на Универзитетот во Вирџинија.

ПретходноРуи Коста откри детали од договорот на Мурињо
СледноПМФЛ: Мега – дербито Шкендија – Вардар се игра в понеделник!