Вардар со 4:0 го совлада Големо Коњари

192

Тимот на Вардар денеска одигра пријателски дуел против второлигашкиот состав на Големо Коњари на гостински терен.

За време на паузата во домашниот шампионат, најтрофејниот македонски фудбалски колектив реши да го испочитува новиот второлигаш, кој се натпреварува во оваа конкуренција од сезонава, и да одигра контролен дуел со него.

Вардар го доби мечот со конечни 4:0, а головите ги постигнаа Ворен, Талески, Бајо и Спахиу.

Вардар периодов одигра неколку вакви пријателски средби на гостински терен против екипи од понизок ранг. Едноставно се сака да се испочитува мак фудбалот на секое ниво. Па затоа гостуваше кај Карбинци, Рудар, а еве сега и во Големо Коњари.

 

ПретходноШкендија го доби Башкими со 5:1 на контролата во Тетово (ВИДЕО)
СледноМерцедес ги одбра возачите за следната сезона