Пикфорд на голот на Евертон уште четири години

20
фото: Everton (X)

Џордан Пикфорд го продолжи договорот со Евертон. Англискиот клуб објави дека потпишал нов договор со 31-годишниот голман, кој ќе биде со важност до 2029 година.

Пикфорд е дел од тимот од Ливерпул од 2017 година кога дојде од Сандерленд. Оттогаш тој има одиграно 326 натпревари за тимот од синиот дел на Ливерпул.

ПретходноЃоковиќ се мачеше, Синер како брз воз до финалето во Ријад
СледноЃоковиќ: Се уште сум мотивиран, можам да играм на највисоко ниво