Пораз на стартот: Македонија немоќна против Германија

47

Македонската женска ракометна репрезентација со пораз ги отвори квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година.
Селекторот Кристијан Грчевски и неговите избранички беа совладани на гости кај Германија со 34-18 (14-8). Во составот на Македонија поради повреда не беше Сара Ристовска.

Ризоска со осум гола беше прв стрелец, зад неа беше Младеновска со четири погодоци.

Македонија го отвори мечот со 0-1, на другата страна Германија врати со пет гола во низа (5-1). После долго време, поточно во 12 минута, нашите девојки успеаја да го постигнат вториот гол, и тоа преку Ризоска. Германија поведе со 7-3, но Македонија во продолжение се издигна, во 23 минута со голот на Младеновска намали на 9-7, но влезе во криза, па противникот врати со серија од 5-1 за 14-8 на одморот.

Во вториот дел Германија искусно го сочува водството и го приведе мечот во своја корист. На средината во овој период беше 21-14. На осум минути до крајот, Македонија имаше двоцифрена негатива од 29-18.

Македонската женска ракометна репрезентација следниот меч го игра во Битола против Словенија (недела) Која славеше против Белгија.

ПретходноШефилд Венздеј е пред банкрот, нема плати, не се платени ни даноците кон државата
СледноУЕФА отвори истрага против Јувентус за кршење на Финансискиот Фер-Плеј