Ракометарките против Германија ја стартуваат мисијата ЕП

43
Фото: ФФМ

Македонската женска ракометна репрезентација денеска ја стартува мисијата пласман на Европско првенство 2026 година. Прв противник во овие квалификации е селекцијата на Германија, мечот се игра во Гумерсбах со почеток во 19:30 часот.

Македонија е огромен аутсајдер во дуелот со Германките. „Црвено-жолтите“ имаат четири порази во исто толку одиграни мечеви.

Противникот ја своја страна ја има Ања Алтхаус која беше дел и од македонскиот женски национален тим заедно со Едуарда Аморим. Двете се обидуваа да го пренесат своето искуство нашите редови.

Покрај дуелот со Германија, Македонија во оваа ЕХФ недела ќе одигра и против Словенија во Битола.

ПретходноЕдвардс му се „закани“ на НБА инсајдер: Подобро ќе биде…
СледноСимеоне се фокусира на најголемиот проблем на Атлетико оваа сезона