Тренерот на Барселона со пофални зборови за битолчани и атмосферата: Посакав пак да бидам играч!

161

Барселона на дело ја оправда фавористската улога против Пелистер, пред полни трибини во салата „Боро Чурлевски“ славеше со 30-34 во меч од петтото коло во Лигата на шампиони.

Тренерот на каталонскиот гигант, Карлос Ортега имаше пофални зборови за атмосферата во салата, на момент откри дека посакал повторно да биде играч.

„Беше задоволство да се игра на ваков терен пред овие навивачи, ми доаѓа пак да бидам играч во овие услови. Домашната публика навистина притиска и сите екипи сигурен сум дека ќе имаат тука проблеми. Против нас го имавме и мојот поранешен играч Филип Кузмановски, сега Кузмановски е веќе зрел играч, лидер на екипата, игра извонредно со пивот и токму тој е она што му треба на Еурофарм Пелистер. Ми беше драго што повторно го видов“, изјави Карлос Ортега.

ПретходноМитревски: Благодарност до нашите фанови – тие се пример како треба да се навива!
СледноРепрезентативците на Саудиска Арабија добија огромна награда за пласманот на СП