Актуелниот македонски шампион, тимот на Шкендија ја искористи паузата во домашниот шампионат и денеска на Градскиот стадион во Тетово одигра пријателски меч со тимот на Башкими. Тетовци триумфираа со убедливи 5:1 во меч во кој што како што и самиот резултат кажува, едноставно доминираа.
Дуелот се играше на два пати по шеесет минути, за да секако шанса добијат сите расположливи играчи и нормално да се „почувствува“ солидна минутажа кај секого.
Стрелци на головите беа Крстевски во 34. минута, Ибраими од пенал во 42. Личина си постигна автогол во 57. минута, а потоа следуваа погодоците ја Јакупи, Саити и Спахиу.