Ѓоковиќ се мачеше, Синер како брз воз до финалето во Ријад

40
фото: The Sinner Times (X)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ загуби од Италијанецот Јаник Синер во второто полуфинале од егзибицискиот турнир во Саудиска Арабија. Синер славеше со 2:0, во сетови 6:4, 6:2.

Натпреварот траеше еден час и три минути, а Синер го контролираше текот на натпреварот со сигурна игра и одлични сервиси.

Ѓоковиќ не можеше да најде решение за сервисот на противникот, а во малку побавниот ритам на натпреварот, карактеристичен за егзибициските дуели, Синер покажа поголема енергија и концентрација.

Италијанецот заслужено славеше и обезбеди пласман во финалето, каде што ќе се сретне со Шпанецот Карлос Алкараз. Финалето на турнирот е закажано за петок.

ПретходноУЕФА отвори истрага против Јувентус за кршење на Финансискиот Фер-Плеј
СледноПикфорд на голот на Евертон уште четири години