Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги сподели своите впечатоци по поразот од Јаник Синер во полуфиналето на егзибицискиот во Саудиска Арабија.
„Жал ми е што не го гледавте подолгиот натпревар денес. Негова е вината, не моја. Се обидов. Ја удираше топката, беше премногу добар и му честитам. Му посакувам многу среќа во финалето“, вели Ноле.
На прашањето дали се уште вреди битката со најдобрите, српскиот тенисер одговори:
„Секогаш вреди бидејќи постои љубов и страст за тенисот. Извинете за мојот вокабулар, но не е убаво кога некој ќе ве удри вака. Неверојатно е што сè уште можам да играм на високо ниво, да бидам во Топ 10, Топ 5. Се трудам, давам се од себе, благодарен сум за сè што ми даде Бог. Сè уште имам мотивација. Знам дека е многу потешко, особено играјќи против Јаник и Карлос. Ќе видиме“.