ВАР „еволуира“: Тренерите добиваат право на прегледување на снимката (ВИДЕО)

68

ВАР технологијата го менува начинот на кој што функционира фудбалот во целост. Истиот дава далеку поголема сигурност, и веродостојност на одлуките на судиите, и легитимитет на истите.

ВАР секако е подложен на измени и на еволуција во своето работење, а последна измена, односно тестирање се случува на тековното У20 Светско првенство.

На него, тренерите односно во случајов селекторите имат прави на два пати во текот на мечот да прегледаат и самите снимка од одредена ситуација.

Во полуфиналниот натпревар помеѓу Мароко и Франција, бевме сведоци на првата јавна употреба на ова ново правило кога мароканскиот селектор, со зелен картон во рака, побара од судијата повторно да размисли за потенцијална казна.

Како всушност функционира новото тест правило:

  • Секој тренер добива две „картички за проверка“ на почетокот од натпреварот.
  • Кога тренерот смета дека судијата донел погрешна одлука (или не досудил нешто), тој може да ја употреби картичката и да го реагира до судијата за дополнителна проверка.
  • Доколку по прегледувањето на видеото одлуката се промени во корист на тренерот, тој ја задржува својата картичка и може повторно да ја користи.
  • Ако првичната одлука на судијата остане, тренерот губи една од своите картички.

Ова значи дека тренерите мора да бидат многу внимателни кога одлучуваат да се жалат на судијата.

Секако, како и за секој новитет има две спротивставени страни. Дел поддржуваат во насока дека ќе се симне дополнително товарот кој што судијте го имаат носејќи одлуки, а од друга страна дека мечевите ќе траат дополнително.

ПретходноПатрик Клајверт повеќе не е селектор на Индонезија
СледноСинот на Робињо е следното големо нешто од Бразил (ВИДЕО)