Едвардс му се „закани“ на НБА инсајдер: Подобро ќе биде…

60
Фото: Минесота/Твитер

Ентони Едвардс, кошаркар на Минесота Тимбервулвс, испрати хумористична порака на социјалните мрежи.

Во светот на модерниот спорт, информациите патуваат неверојатно брзо, а кошаркарските новинари во светот на НБА сè го подигнаа на следно ниво.

Ова првенствено се однесува на Шамс Чаранија и Адриан Војнаровски кога сè уште беа новинари – бидејќи двајцата секогаш знаеја сè однапред. Дури и пред самите играчи.

Шамс Чаранија ја освои наградата за новинар на годината во САД, а Ентони Едвардс се пошегува со него испраќајќи му заканувачка порака.

„Ако некогаш ме продадат, подобро да ми кажеш. Не дозволувај тоа да протече на Твитер. Прати ми порака. Јави ми се“, рече Едвардс.

ПретходноГарабаја: Имавме добар меч, но не и перфектен
СледноРакометарките против Германија ја стартуваат мисијата ЕП