Кадетите убедливо поразени од Полска на стартот на „Трофеј Карпати“

69

Македонската кадетска машка репрезентација со пораз стартуваше на „Трофеј Карпати“, откако беше убедливо поразена од Полска со 39-28.

На овој турнир, покрај домаќинот Романија учествува и селекцијата на Србија, истиот е во рамките на подготовките за квалификациите за ЕП 2026 што ќе се играат во Луксембург, а освен домаќинот ривали на Македонија ќе и бидат Грција и Финска.

Македонија беше рамноправен противник во првите 15. минути до кога се играше изедначено (8-8), по што противникот успеа да поведе со 14-9, додека на одморот да замине со позитива од 22-17. Ништо не се смени во вториот дел, поентерски нашите момци беа послаби, постигнаа 11 голови.

Поповски со пет гола беше прв стрелец, четири пати имаа Јовиќ, Ѓорѓиевски и Дамчевски.

Македонија утре ќе игра против домаќинот Романија (15 часот).

ПретходноЧаби Алонсо го отпиша трофејниот играч, ќе мора да го напушти Реал Мадрид
СледноОфицијално: Пикси не е веќе селектор на Србија, нема да добие никаква отштета од ФСС!