Партизан со гостинска победа во Шпанија, Пао со триумф во Истанбул!

108
ФОТО: KK Partizan/X

Кошаркарите на Партизан вечерва успеаја како гости да славата на гостувањето кај Басконија со 79:91. Ова е трета победа за момците на стратегот Жељко Обрадовиќ во петтиот меч во Евролигата.

И како што обично се случува, Партизан за малку ќе направеше од готово, вересија. Сепак во последните две минути знаеше како треба да одигра и дојде до голема победа.

На останатите мечеви вечерва, Панатинаикос како гостин беше убедлив кај Ефес во Истанбул со 81:95. Блескаше охриѓанецот Чеди Осман со 29 поени, а македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс забележа седум поени. 

Монако како домаќин беше подобар од Валенсија со 90:84.

Како гости славеа и Виртус кај Асвел со 83:90, и Хапоел кај Париз со 88:89.

По комплетирањето на 5.коло на чело на табелата се Панаитинаикос и Хапоел со 4-1, Ц. Звезда со 3:2 е деветта а Партизан на 11.место.

ПретходноНиколов со деби за Фарул!
СледноВардар на ФФМ, Работнички на Автокоманда!