Скандалозно: Играчите на Овиедо и Еспањол протестираа, Ла Лига ги “исече“ од преносот! (ФОТО)

210
ФОТО: BarçaTimes/X

Голем скандал вечерва се случи на почетокот од мечот меѓу Овиедо и Еспањол во рамките на Ла Лига. Имено познато е дека Ла Лига дозволи да се игра мечот меѓу Барселона и Вилјареал во Мајами. Ова наиде на големи реакции и протести од останатите клубови. Па така беше одлучено клубовите преку своите играчи да протестираат по дваесетина секунди.

Така и беше на вечерашниот меч, а скандалот е во тоа што Ла Лига овој момент го “исече“ од ТВ преносот и не можеше да се види надвор од стадионот.

По ова зовре во Шпанија. Сега критиките кон Ла Лига ќе бидат уште поголеми.

Едноставно скандал од големи размери.

Претходно“Меси и натаму е најдобриот во светот!“
СледноГолеада на “Паркот на принцовите“: ПСЖ само со бод против Стразбур!