Хансен ја скрати косата во знак за поддршка на болните од рак

95

Микел Хансен ја скрати долгата коса која беше негов заштитен знак со години. Причината за ваквиот потег на данската и светска ѕвезда е кампањата за поддршка на болните од рак.

Според Данското здружение за рак, околу 130 Данци се дијагностицираат со рак секој ден.

Речиси 400.000 луѓе во Данска или имаат рак или го имале во минатото.

„И мојот татко беше погоден од рак – за среќа денес е добро. Ова е мој начин да покажам дека стоиме заедно против ракот“, вели самиот Микел Хансен за неговата вклученост во кампањата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aspero Handboll (@asperohandboll)

ПретходноАмериканците комбинираат НБА и фудбал: Лука Дончиќ е амбасадор на ФИФА
СледноМакедонија падна две места на најновата ФИФА листата