Чаби Алонсо го отпиша трофејниот играч, ќе мора да го напушти Реал Мадрид

237

Германскиот стопер Антонио Ридигер ќе го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната 2025/26, кога му истекува договорот, пишува германскиот „Билд“. Ридигер (32) пристигна во шпанскиот клуб во 2022 година како слободен агент од Челзи, а во изминатите три сезони беше еден од клучните играчи во одбраната, пишува „Дејли меил“.

Искусниот дефанзивец одигра 157 натпревари за Реал и освои осум трофеи, но оваа сезона падна во втор план под водство на тренерот Чаби Алонсо. Германските медиуми објавуваат дека Алонсо не е задоволен од формата и физичката подготвеност на Ридигер, особено поради низата мали повреди што го следат во последните сезони.

Ридигер моментално е надвор од теренот поради повреда на бутот што ја заработи на почетокот на септември. Дополнителна причина за разделба е високата плата на Ридигер од над 10 милиони евра по сезона, што клубот го смета за превисоко за играч кој не е во преден план.

Веста за можно заминување доаѓа неколку месеци по инцидентот на тренинг во кој Ридигер се судри со соиграчот Џуд Белингам. Судирот се случи за време на тежок период минатата сезона, кога Реал на крајот заврши како второпласиран во Ла Лига и беше елиминиран во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

За време на неговата кариера, покрај Реал и Челзи, Ридигер играше и за Штутгарт и Рома, а имаше 81 настап за германската репрезентација.

ПретходноКако на филмски сцени: Претседател на кипарски второлигаш е убиен!
СледноКадетите убедливо поразени од Полска на стартот на „Трофеј Карпати“