Американците комбинираат НБА и фудбал: Лука Дончиќ е амбасадор на ФИФА

21
Фото: ЛА Лејкерс/Твитер

Словенечкиот репрезентативец и кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, е именуван за официјален амбасадор на ФИФА за областа Лос Анџелес пред претстојното Светско првенство во фудбал, кое покрај САД ќе го организираат и Канада и Мексико.

„Многу сум горд. Светското првенство во фудбал е најголемиот спортски настан во светот и многу сум возбуден. Отсекогаш сум гледал фудбал, а го гледам и сега. Тоа е голем дел од мојот живот“, рече Дончиќ.

„Задачата“ на Дончиќ ќе биде фокусирана на областа Лос Анџелес, која е еден од градовите домаќини:

„Лос Анџелес е многу прекрасен град со одлична култура. Фудбалот во Америка станува сè попопуларен, особено тука во Лос Анџелес, и мислам дека затоа е идеално што овој град ќе биде еден од домаќините.

ПретходноНа Мареска му преседна во Челзи, ќе си оди на лето
СледноХансен ја скрати косата во знак за поддршка на болните од рак