Љупче Дориев продолжува со одличните настапи во шампионатот во Узбекистан. Македонецот во дресот на Согдиана попладнево, во меч од 25.коло во елитната лига беше стрелец на нов гол за својот тим. Се играше 10.минута кога резултатот на мечот Согдиана – Термез беше 1:0, за да некогашниот репрезентативец на Македонија ја затресе мрежата на гостите за 2:0. На крајот резултатот гласеше 2:1 за домашниот состав.
Ова за Дориев беше 14-ти гол сезонава по што изби на второто место на листата на стрелците, притоа има и 5 асистенции.
Уште еден доказ дека македонскиот напаѓач е во извонредна форма и оваа сезона во шампионатот на Узбекистан.