Кореецот од ПСЖ е фудбалер на годината во Азија

22
фото: La Minute Foot (X)

Фудбалерот на ПСЖ, Ли Канг-ин е прогласен за азиски фудбалер на годината.

Играчот од средниот ред на европскиот шампион и репрезентативец на Јужна Кореја ја доби наградата за најдобар азиски играч на годината која традиционално ја доделува Азиската фудбалска конфедерација.

Иранскиот напаѓач, кој ова лето се приклучи во Интер, Мехди Тареми, како и јапонскиот играч од средниот ред Такефуса Кубо од Реал Сосиедад исто така беа во конкуренција за наградата.

ПретходноАнглија забрани присуство на израелски навивачи на мечот Астон Вила – Макаби ТА
СледноМладеновска: Ние сме млад тим, има работи кои ќе ги подобриме