Одбојкарите на Штип УГД денеска на силен тест против ПАОК на Јошко

46

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, одбојкарите на Штип УГД, денеска ќе имаат сериозна контрола во очекување на почетокот на новата сезона и премиерните настапи на клубот на европската сцена.

Штипјани попладнево во Солун ќе одиграат силен пконтролен натпревар против еден од најдобрите грчки состави, екипата на ПАОК, чиј предводник веќе неколку сезони е актуелниот селектор на на нашата репрезентација, Јошко Миленкоски. Ова ќе биде одлична можност нашиот евро-претставник да ја провери моменталната форма на екипата против еден навистина квалитетен противник.

Ова ќе биде и тест за моменталните квалитети на ПАОК кој и во новата сезона влегува со сериозни амбиции да нападне на некои од трофеите во домашните натпреварувања, но исто така и да обезбеди што подобар пласман во европските турнири.

ПретходноМладеновска: Ние сме млад тим, има работи кои ќе ги подобриме
СледноФИБА ја суспендираше Велика Британија од сите машки натпреварувања