Официјално: Пикси не е веќе селектор на Србија, нема да добие никаква отштета од ФСС!

112
ФОТО: FSS.RS

Од денеска и официјално Драган Стојковиќ – Пикси не е веќе селектот на Србија. Она што беше познато, од денеска е и официјално. Раководството на Фудбалкиот сојуз на Србија, денеска објави дека е договорено со Пикси да се раскине договорот и затоа тој нема да добие никаква отштета, туку само платите додека бил селектор, значи заклучно со овој месец.

Пикси беше селектор на Србија 4,5 години и за тоа време оваа селекција настапи на СП 2022 и на ЕП 2024, но затоа имаше и катастрофални настапи и на двете натпреварувања а и во последните квалификации за СП 2026, капак на се беше катастрофата од Албанија дома со 0:1.
Покрај Пикси, ФСС се одлучи да му врачи отказ и на спортсикиот директор на репрезентацијата Стеван Стојановиќ.

ПретходноКадетите убедливо поразени од Полска на стартот на „Трофеј Карпати“
СледноЈамал повеќе не потпишува дресови на Барселона: Неговиот автограм може само да се купи