Пелистер ги повика фановите: Дојдете на европската премиера во Битола

104

Кошаркарскиот клуб Пелистер во понеделник ќе ги пушти во продажба билетите за претстојниот домашен меч од ФИБА Европа купот против Превидза од Словачка. Ова ќе биде прв историски домашен европски меч на Пелистер во салата „Боро Чурлевски“, истиот е закажан за 22 октомври со почеток во 19 часот.

Цената на билетите за оваа европска битолска премиера изнесува 200 денари.

Влезниците за овој дуел ќе бидат пуштени во продажба во „ЗИКС“ во понеделник точно на пладне, додека на денот на натпреварот билети ќе можат да се купат и на билетарата од салата „Боро Чурлевски“.

„Потребна е поддршка, дојдете и навивајте за Пелистер, за на крајот сите заедно да се радуваме“, порачаа од Пелистер. 

ПретходноОва се новите термини за 1/8 финалето во Купот, две екипи веќе се “чекираа“ во четвртфиналето!
СледноСлот: Треба да реагираме против Јунајтед, игра подобро од она што го покажува табелата