Вардар и натаму перфектен, победа и во Куманово!

84
ФОТО: RK Vardar 1961/FB

Ракометарите на РК Вардар 1961 вечерва на гости кај Куманово победија со 25:32 и со тоа дојдоа до осмата победа во Суперлигата. Значи некогашниот двоен европски првак сега има “осум од осум“ и затоа се наоаѓа на чело на табелата во нашата елитна ракометна лига.

Вечерва во Куманово во меч од 8.коло, домашните во првиот дел одиграа добри минути, тука беа некаде резултатски, му парираа на големиот фаворит.

Сепак гостите во второто полувреме заиграа многу подобро, како во нападот така и во одбраната, а разликата во нивна корист само се билдаше.

Се виде каде е разликата во квалитет, па така иако со комбиниран тим, лидерот на табелата на крајот дојде до заслужена победа.

Кумановци останаа на само една победа и се наоѓаат на дното на табелата.

ПретходноГвардиола: Одмор од Сити и фудбалот? Па, можеби во 2035 година!
СледноМитрашиновиќ во тимот на колото во Еврокупот! (ФОТО)