Годините не му можат ништо: Силва и на 42 години дава „невозможни“ голови (ВИДЕО)

59
фото: Superbet Brasil (X)

Славниот бразилски фудбалер Тиаго Силва е веќе херој на Флуминенсе, за кого игра втора сезона по ред, а синоќа стана херој и во победата над Хувентуд.

Поранешниот играч на ПСЖ, Челзи и Милан и на 42 години успеа да постигне еден феноменален погодок и тоа во 98-та минута, со полуножички, со што му донесе победа на својот тим.

Силва беше шампион на Италија со Милан, шампион на Франција со ПСЖ седумпати, додека ја освои Лигата на шампионите во 2021 година со Челзи.

ПретходноШкендија ги пушти во продажба билетите за мечот со Шелбурн
СледноТрент ќе биде подготвен за „пеколното“ враќање на „Енфилд“