Начинот на кој ракометарите на Вардар комуницираат со своите најверни навивачи по секој одигран натпревар во бастионот „Јане Сандански“, не остана незабележен и по првиот годинешен европски дуел во ЕХФ Европската лига.
Специјално на профилите на Европската федерација на социјалните мрежи се појави видео од завршницата на дуелот со Сесвете и поздравот кој меѓусебно си го упатија ракометарите и навивачите на скопските „црвено-црни“.