“Кралот“ декласиран: Ц. Звезда со Обрадовиќ на клупата е друга димензија!

147
ФОТО: KK Crvena Zvezda/X

Прво Жалгирис, а вечерва и Реал Мадрид падна пред Ц. Звезда во меч од Евролигата во Арената во Белград под водство на новиот стратег Саша Обрадовиќ. Се гледа дека под водство на Обрадовиќ, “црвено- белите“ се некоја друга димензија.

Да се победи Реал Мадрид со 90:75 секако дека не е мала работа, посебно ако се знае дека по првата четвртина гостите од Мадрид имаа +5.

Сепак носени од своите фанови, од тактичките замисли на својот тренер, Ц.Звезда во продолжение од мечот просто блескаше. Одигра феноменално, знаеше што сака и како да дојде до тоа што го сака.

Кралевите“ беа неутрализирани кога беше најпотребно, па така на крајот српскиот тим заслужено победи.

Ова во низа е трета победа за Ц. Звезда вкупно во Евролигата. Фенербахче на гости, а потоа со Жалгирис и Реал дома.

Мекинтаер и Нвора завршија по 18 поени кај домашните, додека кај гостите најефикасен беше Океке со 16 поени.

ПретходноМитрашиновиќ во тимот на колото во Еврокупот! (ФОТО)
СледноКосово денеска испиша историја!