Македонија падна две места на најновата ФИФА листата

119
ФОТО: Фудбалска Репрезентација на Македонија/fb

По завршување на октомврискиот квалификациски циклус за пласман на Светското првенство 2026 година, ФИФА го објави најновиот ранкинг.

Македонија падна две места на најновата листа, се наоѓа на 65. место. Оваа позиција доаѓа после двете ремија против Белгија и Казаахстан во квалификациите за Мундијлот. Нашта фудбалска репрезентација не успеа да го искористи домашниот терен против Казахстан и силно да зачекори кон СП.

Шпанија ја зацврсти својата позиција на врвот на ранг-листата, потврдувајќи ја доминацијата што ја презеде во септември, кога ја престигна Аргентина и се искачи на врвот на ранг-листата.

Гаучосите се вратија на второто место, додека Франција падна на третото место по нерешениот резултат со Исланд.

Во првите 10 се наоѓаат и Англија, Португалија, Холандија, Бразил, Белгија, Италија и Германија.

ПретходноХансен ја скрати косата во знак за поддршка на болните од рак
СледноМитревски шоу против Барса за трета најдобра одбрана во Лигата на шампиони (ВИДЕО)