Младеновска: Ние сме млад тим, има работи кои ќе ги подобриме

37

Македонската женска ракометна репрезентација синоќа во Гумерзбах беше убедливо поразена од Германија на стартот на новиот циклус од квалификациите за Европското првенство (34:18). Германките ја покажаа својата сила особено во финишот на мечот кога и ја направија разликата.

Младата Ива Младеновска која постигна четири погодока за нашиот национален тим, по средбата гопрокоментира мечот.

„Се боревме колку што можевме, но ние сме многу помлад тим од нив, и сè уште работиме напорно. Има некои работи што се добри, има многу работи што можеме да ги подобриме, но мислам дека е важно да продолжиме да се бориме и да останеме што е можно попозитивни. Ова се натпревари што ги играме на секои три дена. Играме за време на викендот, па немаме време. Мораме да го погледнеме натпреварот, да го анализираме, да видиме што можеме да направиме подобро. Но, мислам дека можеме да бидеме подобри. Мислам дека во првите 40 минути бевме речиси рамноправни. На крајот, не го направивме тоа толку добро како што го направивме во првите 40 минути, но мислам дека има многу добри работи што можеме да ги искористиме“, истакна Младеновска.

Македонија веќе в недела од 18 часот ќе го одигра и вториот меч во квалификациската група, овој пат против вториот фаворит, селекцијата на Словенија. Словенките на стартот на квалификациите тргнаа со победа над Белгија.

ПретходноКореецот од ПСЖ е фудбалер на годината во Азија
СледноОдбојкарите на Штип УГД денеска на силен тест против ПАОК на Јошко