На Мареска му преседна во Челзи, ќе си оди на лето

98

Енцо Мареска се почесто размислува за заминување од Челзи, иако на кормилото на лондончани дојде во 2024 година. Според лондонски извори, Мареска има сериозни сомнежи за својата иднина во лондонскиот клуб, а таа информација стигнала и до Италија.

Се вели дека големиот Јувентус е многу заинтересиран да го доведе Мареска во клубот доколку тој на крајот на сезоната реши да го напушти Челзи. Мареска наводно е незадоволен од неколку работи во Челзи.

Прво, тој е незадоволен од летниот преоден рок, кога не му беше дозволено да донесе клучен трансфер во клубот, а второ и од квалитетот на сегашниот состав на Челзи, за кого не смета дека е способен да се натпреварува за титулата во Премиер лигата.

ПретходноФИФА објави продажба на 1 милион билети за средбите на СП 2026
СледноАмериканците комбинираат НБА и фудбал: Лука Дончиќ е амбасадор на ФИФА