Кошаркарскиот клуб Пелистер во понеделник ќе ги пушти во продажба билетите за претстојниот домашен меч од ФИБА Европа купот против Превидза од Словачка. Ова ќе биде прв историски домашен европски меч на Пелистер во салата „Боро Чурлевски“, истиот е закажан за 22 октомври со почеток во 19 часот.
Цената на билетите за оваа европска битолска премиера изнесува 200 денари.
Влезниците за овој дуел ќе бидат пуштени во продажба во „ЗИКС“ во понеделник точно на пладне, додека на денот на натпреварот билети ќе можат да се купат и на билетарата од салата „Боро Чурлевски“.
„Потребна е поддршка, дојдете и навивајте за Пелистер, за на крајот сите заедно да се радуваме“, порачаа од Пелистер.