Слот: Треба да реагираме против Јунајтед, игра подобро од она што го покажува табелата

33
фото: Liverpool FC (Facebook)

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, верува дека неговиот тим ќе ја покаже својата реакција на три последователни порази со својот настап во дербито во недела против Манчестер Јунајтед. Според него, „Црвените ѓаволи“ играат подобро отколку што покажува пласманот на тимот. Холанѓанецот, исто така, ги смири загриженостите за состојбата на Рајан Гравенберг и Ибрахима Конате, кои имаа проблеми со повреди по меѓународните натпревари.

„Рајан Гравенберх е целосно подготвен. Сè уште не тренирал, но е подготвен. Ибрахима Конате се врати со нас и очекуваме да тренира денес. Алисон сè уште не тренирал, па затоа е надвор од игра. Колку долго? Тешко е да се каже бидејќи последната фаза од рехабилитацијата секогаш ви дава позитивни и негативни страни, но тој нема да биде подготвен за викендот или следната недела.

Од гледна точка на физичката подготвеност, Исак е веќе блиску до своето оптимално ниво и од сега па натаму можеме пофер да ја процениме неговата игра. Одигра неколку натпревари од 70-80 минути, што за него беше предсезоната што ја пропушти“, рече Слот. 

Тој потенцира дека треба да бидат во најдобра форма против Јунајтед, кој може да одигра многу подобро од она што го наложува табелата.

„Мислам дека не треба да биде важно против кого играме во недела. Ако сте изгубиле три натпревари по ред и го носите дресот на Ливерпул, мора да реагирате. Играчите дадоа сè од себе во секој натпревар од почетокот до последната минута, во три натпревари мораше да се вратиме од гол негатива, го направивме тоа двапати, но загубивме. Секогаш мора да има реакција.

Се радувам на натпреварот со Манчестер Јунајтед уште повеќе. Знам колку е посебен. Тоа е најгледаниот натпревар во светот. Треба да бидеме во најдобра форма. Јунајтед започна подобро отколку што сугерира табелата, па затоа е многу интересен натпревар, особено на Енфилд. Навивачите отсекогаш нè поддржувале“.

ПретходноПелистер ги повика фановите: Дојдете на европската премиера во Битола
СледноПрилепската болница: Голема благодарност до ФФМ и потпретседателот Марјан Стојкоски за донацијата!