Франко Фода ќе го води Косово до 2027 година

30
фото: Leonardo Bertozzi (X)

Фудбалската федерација на Косово објави дека официјално го формализираше новиот договор со селекторот Франко Фодa за уште 2 години.

Договорот со Фодa бил потпишан уште на првиот ден од собирот на репрезентацијата во октомври.

Со новиот договор, Фода ќе ја предводи репрезентацијата на Косово до крајот на 2027 година, со можност за автоматско продолжување во случај на квалификација за Европското првенство во 2028 година.

Франко Фода ја презеде функцијата во февруари минатата година и оттогаш го предводеше Косово на 17 натпревари постигнувајќи 11 победи, 2 нерешени средби и само 4 порази.

Претходно„Ремек-дело“: Цепелинот на Митревски и Манасков прогласен за гол на колото во ЛШ (ВИДЕО)
СледноЕХФ: Вардар е специјален клуб! (ВИДЕО)