Екипата на Алкалоид ја запиша шестата победа во Супер-лигата, откако го совлада Пролет на гостински терен со 20-29 во рамките на осмото коло. Избраниците на Кирил Лазаров се зацврстија на табелата и по оваа рунда остануваат еден од двата тима кој нема пораз оваа сезон. Н другата страна за Пролет ова беше четврти пораз, има и три победи и реми.
Во првите 11 минути, Алкалоид отвори со 2-8 и тука го најави крајот на мечот. Во 23-та минута со голот на Костески гостите поведоа со 6-15. Беше и 9-7. На одморот разликата изнесуваше седум гола (10-17).
Не се смени ништо во продолжение, Пролет беше немоќен во пресметката со градскиот ривал.
Тордарсон и Костески со по седум гола беа лидери кај Алкалоид, каде Галевски имаше 15 одбрани. На другата страна Мишевски беше стрелец на пет погодоци.