Еден од најдобрите македонски кошаркари на сите времиња, и поранешен претседател на КФСМ, Перо Антиќ во опширно интервју за Basketvall Sphere, го даде своето мислење на темата, Црвена Звезда, Партизан и Фенербахче.
На тема, промената на тренерите во Звезда, и заминувањето на Сферопулос, а доаѓањето на Саша Обрадовиќ, Антиќ рече.
„Тренерите работат со спакувани кофери. Тоа е точно. Договорите им се гарантирани од друга страна. ЌЕ ја добијат загарантираната сума. Во таков бизнис сме. Кошарката е таква. Денес си утре не си. Звезда секогаш цели на највисоко. Како и Партизан. Може да се загуби некој меч, навивачите да изреагираат, но тоа е затоа што очекуваат најдобро“ – рече Антиќ, а потоа го искоментира и самиот Партизан кој доста менуваше ова лето.
„Јас верувам во Жељко Обрадовиќ и во потезите кои ги прави. Многу го почитувам. Ја сакам Звезда, но добра Звезда без добар Партизан нема. И обратно. Следам дека го доведоа Џабари Паркер и Мика Муринен. Обрадовиќ знае што прави, тоа ќе кажам. Нему му треба само поддршка. Има турбуленции, ќе се загуби некој меч, но верувам во неговите методи и работа“ – рече Антиќ