Антони со два гола му донесе бод на Бетис!

15
ФОТО: Real Betis Balompié/FB

Уште една одлична партија на Антони кој е најзаслужен за ремито, односно освоениот бод на Бетис на тешкото гостување кај Виљареал за конечни 2:2.

И веднаш да кажеме дека при резултат 2:1 за домашните, Антони во 90+4.минута ја затресе мрежата на Виљареал за конечни 2:2.

Претходно Бразилецот стрелаше во 66.минута за намалување на резултатот на 2:1.

Инаку домашните дојдоа до тие 2:0 со головите на Буханан и Молеиро.

Со ова реми Виљареал сега е трети на табелата во Ла Лига а Бетис на петото место.

ПретходноПрва победа за Газели Волеј, Работнички и Јанта Волеј со втора радост
СледноРоналдо прво промаши пенал, ама потоа го постигна еден од најубавите голови во кариерата! (ВИДЕО)