Уф, каков меч на “Монжуик“ кој на крајот заврши со победа на Барселона против Џирона со 2:1. Се играше 90+3.минута при резултат 1:1, кога Араухо постигна гол за победа, за еуфорија кај сите во таборот на шампионот.
Сепак лоша вест е тоа што неколку минути претходно Ханси Флик доби црвен картон, а тоа значи дека нема да може да ја води на Барса на „Ел Класико“ следниот викенд на “Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.
Барса поведе со голот на Педри во 13.минута, израмни Витсел во 20.минута.
Гостите може да жалат зошто имаа барем 5-6 големи шанси.