На двата дуела од Серија А конкуренцијата кои што денеска се играа во терминот од 15:00 часот немаше голови, односно завршија со нај непопуларниот резултат, 0:0.
Лече на домашен терен го пречека тимот на Сасуоло. И двата тима посакуваа победа, но и двата тима не направија доволно за да стигнат до неа.
Истото важи и за мечот помеѓу екипите на Писа и Верона. Првите четриесет и пет минути мирни, во вториот дел освен максималниот број на измени, ништо не е друго вредно за споменување.
Писа го освои третиот бод во седмиот дуел сезонава, а Верона има поен повеќе.