Екипата на ГРК Охрид без проблем дојде до бодовите во Прилеп. Езерскиот тим запиша убедлива победа од 18-34 во рамките на осмото коло во Супер-лигата. На овој начин дојде до петтиот триумф оваа сезона, кој го носи на четвртото место на табелата.
Охриѓани не дозволија изнендување, уште во првото полувреме го наметнаа своето темпо и на одморот имаа плус девет 10-19. Оваа разлика беше доволна за мирен финиш, на другата страна прилепчани беа немоќни во секој поглед, па петтиот пораз беше неизбежен.
Савревски со седум гола и Кукуловски со шест беа лидери кај победникот, кај домаќинот Шабановиќ имаше четири.