Тиквеш одигра сосема поинаков меч од првата средба на гостински терен кај Бешикташ. Кавадарчани на реваншот изгледаа како друг тим и беа рамноправен противник, но тоа не беше доволно за целосна сензација. На крајот македонскиот тим беше поразен со 21-23 во реваншот во рамките на второто квалификациско коло во ЕХФ Европскиот Куп.
Цејовиќ со шест гола беше прв стрелец, пет имаше Мијушковиќ.
Пред натпреварот ги повикаа своите фанови за да дојдат да ги подржат, а во возрат дека ќе им се одложат со добра игра, во сето ова и успеаја, достојно ја завршија својата европска авантура.
Во првото полувреме Тиквеш водеше и со четири гола разлика (8-4), додека на одморот беше 10-8. Бешикташ не ги трошеше силите со оглед на тоа дека имаше двоцифрена позитива од 11 гола од првата средба.
И во една ваква ситуација на пет минути до крајот успеа да поведе со два гол 19-21. Турскиот тим ја сочува минималната позитива за победа.