Интер победнички на “Олимпико“, сега е и лидер во Серија А!

22
ФОТО:Inter/FB

Во големото дерби во Серија А, во рамките на 7.коло, вечерва во Рим на “Олимпико“ тимот на Интер со 0:1 успеа да ја победи Рома на нејзин терен.

Со оваа победа и со овие три бода, гигантот од Милано сега е лидер на табелата во Серија А со 15 бодови, колку што имаат и Наполи и Рома, но тимот на Кристијан Киву има многу подобра гол разлика.

Победничкиот гол беше дело на Бони уште во 6.минута од овој натпревар. Речиси никој не помисли во тие моменти дека токму тој ран гол на Бони, ќе биде доволен за голема победа на гостите од Милано.

По не така добриот старт на сезоната, Интер и тоа како покажува дека има и сила и квалитет да се бори за титулата.

ПретходноСинер го прегази Алкараз и си заработи 6 милиони долари!
СледноЧетата на Чоло се измачи за трите бода со Осасуна!