Кадетите ја победија Романија на “Трофеј Карпати“!

33

По вчерашниот пораз од Полска, во меч од 1.коло, попладнево нашата кадетска селекција успеа во вториот меч да ја победи соддветната селекција на Романија со 33:24 на турнирот “Трофеј Карпати“.

Веднаш да кажеме дека и тоа како се истакна голманот Николовски со 19 одбрани, одлични беа и Петрески и Ѓорѓиевски со по седум голови.

Во текот на целиот меч македонските кадети ги диктираа настаните на теренот, имаа водство и прашање беше само на крајот со кој резултат ќе слават.

Утре во рамките на последното коло од “Трофеј Карпати“ Македонија се среќава со Србија.

ПретходноХаџиевски со внукот Стојановски до бод кај Лудогорец!
СледноСрамно: Еве како Флик се израдува на голот на Араухо!(ВИДЕО)