Мајорка со гостински триумф кај Севиља

19

Тимот на Мајорка денеска заработи супер гостинска победа кај тимот на Севиља од 1:3. Во дуел во кој најпрво губеше, а потоа направи комплетен пресврт, Мајорка е екипата која реално ги заслужи трите бода.

Домаќинот Севиља добро го почна дуелот не ни помисливајќи дека на крајот ќе остане без ништо. Варгас погоди во противничката мрежа во 13. минута.

Ведат Муриќи го најави пресвртот во 67. минута, за да потоа како двоен стрелец се појави Матео Хосеп. Стрелаше во 72. односно 77. минута, а домаќинот потоа немаше сила за резултатски да се враќа.

Мајорка со овој триумф „бега“ од самото дно на табелата со осум освоени бодови. Севиља остана на сегашните тринаесет.

 

ПретходноЧелзи го „бутна“ Нотингем уште подолу на табелата
СледноОфицијално: Нотингем Форест го отпушти Постекоглу