Наполи со пораз кај Торино, за Елмас само осум минути!

29
ФОТО: Torino Football Club/FB

Голем кикс на Наполи во битката за титулата. Вечерба на гости кај Торино, шампионот беше поразен со 1:0. Секако дека по малку неочекуван резултат за четата на Антонио Конте, ова е втор пораз сезонава во Серија А сезонава. Па така Наполи од ова коло нема да биде лидер.

Да кажеме дека Елиф Елмас во игра влезе во 82.минута а во 88.минута имаше голема шанса да ја затресе мрежата на својот некогашен тим и со тоа да му донесе бод на Наполи, но не успеа.

Победничкиот гол за домашните беше дело на Џовани Симеоне во 32.минута, некогашен фудбалер на Наполи.

ПретходноГРК Охрид без проблем во Прилеп
СледноТомовски повторно одличен на голот на Битигхајм!